Спорт

Рекордна 350. победа на Грен слем турнирите за Серена Вилијамс

Поранешниот прв светски рекет во женска конкуренција, Серена Вилијамс во првото коло на Австралија опен ноќеска ја совлада 18-годишната Анастасија Потапова со 6:0 и 6:3 за 58 минути. За Американката ова е 350-та победа во натпревари на Грен слем турнири.

Вилијамс е женски тениски рекордер во овој индикатор. На второто место е Мартина Навратилова, која победи на 306 натпревари.

Серена го направи своето деби на Австралија опен во 1998 година. Таа има победи на мечевите на овој турнир во текот на четири различни децении.

Во машка конкуренција Роџер Федерер е рекордер на Грен слем турнирите со 357 победи.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џерард и Ренџерс го посакаа Манчестер Јунајтед во ЛЕ

saso user

Руни го одигра својот последен меч во САД

saso user

Тренерот на младинскиот тим на Реал разрешен поради критики кон ѕвездите на клубот

saso user