Спорт

Реал Мадрид го купи Рејниер за 35 милиони евра

Реал Мадрид и официјално го потврди трансферот на 18-годишниот офанзивен фудбалер за врска Рејниер од Фламенго за сума од 35 милиони евра.
На младиот бразилски играч му предвидуваат блескава иднина, а во неговата земја веќе го носи епитетот „новиот Кака“.
Двете страни потпишаа договор за соработка до 2026 година и според најавите, Рејниер веднаш ќе се стави на располагање на тренерот Зинедин Зидан.
Рејниер во Шпанија се сели со 14 настапи во сениорскиот шампионат на Бразил во оваа сезона во кои постигна осум гола и запиша две асистенции.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мурињо за новиот договор на Клоп: Одлична вест за сите

saso user

Четири скокалници за првпат по 1992 без Норијаки Касаи

saso user

Пандев: Сакам да ја завршам кариерата со пласман на ЕП со Македонија

saso user