Бизнис

Нова цена на дизелот, бензините ќе се продаваат по иста цена

Дизелот од полноќ поевтинува за денар и половина и ќе чини 61 денар за литар, а бензините ќе се продаваат по иста цена од предходната недела, одлучи Регулатоната комисија за енергетика.

Литар „Еуросупер-95“ и оваа недела ќе чини 68 денари, а „еуросупер-98“ ќе се продава по цена од 70 денари.

Од полноќ се менува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Таа се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,539 ден/кг и ќе изнсеува 37,885 денари за килограм.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Два закона што ќе ги решат сите проблеми во домувањето затурени кај Царовска и кај Сугарески

saso user

Само 12 отсто од компаниите ги водат жени

saso user

Во Фондот за иновации вратени 40.000 евра од реализираните проекти

saso user