Балкан

Курти го побара мандатот за премиер без договор за коалиција со ЛДК

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти изјави дека денешното барање за добивање на мандатот за состав на новата Влада на Косово го доставил до претседателот на државата Хашим Тачи без претходно да постигне договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Во видео-порака објавена на социјалните мрежи, Курти ја повика ЛДК повторно да седнат на преговарачка маса за да постигнат договор за заедничка влада.

– Предлогот на ВВ за премиер, како субјект победник на изборите од 6 октомври, сакавме да го доставиме до претседателот откако ќе постигнеме договор со ЛДК. На конститутивната седница на Собранието, на 26 декември, отидов без да имам договор, како што и кај претседателот на 6 јануари отидов без претходен договор. И сега, две недели по таа четириминутна средба, се уште немаме договор за новата влада и ние денеска го испраќаме нашиот предлог до претседателот. Ние не го прифативме последниот предлог на водачите на ЛДК, но изразивме голема готовност за натамошни средби со цел изнаоѓање други алтернативи кои би биле прифатливи за двете страни – вели Курти.

За лидерот на ВВ е неприфатливо инсистирањето на ЛДК да го добие местото собраниски спикер, наспроти тоа што на конститутивната седница на Собранието на таа позиција беше избран Глаук Коњуфца од ВВ.

– Не можеме да се враќаме во минатото, не можеме да се враќаме во 2019 година. Ставот дека „ќе се видиме на церемонијата на потпишување на договорот“, односно ставот „земи или остави“ значи остави. Јас верувам дека ние можеме да се вратиме и должни сме ви на сите да се вратиме на преговарачката маса и да не ја напуштиме се додека не најдеме заеднички јазик и не го постигнеме нашиот договор – порача Курти.

ВВ, како партија победничка на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, претпладнево написмено го извести Тачи дека Курти е нејзиниот предлог за мандатар за состав на новата косовска влада. По ова, Тачи го покани Курти на средба во претседателскиот кабинет, денеска во 12 часот, за да му го предаде мандатот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дури 6.500 медицински сестри заминале од Албанија за две години

saso user

Стефановиќ: Нема да исполниме ниту едно барање на опозицијата, јуни е првиот термин за избори

saso user

Србинка ветила 1.600 евра ако ѝ го убиe сопругот, имала и филмски план

saso user