Свет

Десетмина загинаа на Богојавление во црква во Етиопија, се урна дрвена трибина

Најмалку десет луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени денеска откако дрвена трибина за гледачи се урна за време на православниот христијански празник Богојавление во етиопискиот град Гондар, соопштија локалните здравствени власти.

– Досега имаме десет загинати. Бројот на повредените е 100, а можеби и 150 лица, истакна еден лекар во универзитетската болница во Гондар.

Се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Невин маж кој 45 години поминал во затвор, ќе добие 1,5 милиони отштета

saso user

Се’ повеќе светски компании воведуваат четиридневна работна седмица

saso user

Либан доби прва министерка за полиција во арапскиот свет

saso user