Бизнис

Гугл бара глобална регулација на вештачката интелигенција

Сундар Пичаи, извршниот директор на Гугл и Алфабет од Брисел денеска порача дека е потребна глобална регулација на вештачката интелигенција.

– Иако вештачката интелигенција ветува огромни бенефити за Европа и светот, постои сериозна загриженост за потенцијалните негативни последици на вештачката интелигенција – изјави Пичаи на настан организиран од економскиот тинк-тенк, Бругел во Брисел.

Во прашање е, меѓу другото, развојот на технологиите како препознавање на лица „дип фејк“, односно капацитетот на технологијата за модифицирање на гласот.

Првиот човек на Гугл смета дека технологијата може да биде злоупотребена и дека нејзините „нус ефекти“ треба да се превенираат.

Според него, постоечката законска рамка на Европската Унија за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, може да биде добра основа за регулирање на областа на вештачката интелигенција.

Засега ЕУ е единствениот регион на светот со ваква проактивна заштита на личните податоци. Пичаи денеска повика на усогласеност на меѓународно ниво во однос на регулацијата, но ЕУ и САД имаат многу различен пристап кон овие прашање.

Европската Комисија треба во текот на наредните денови да обелодени нова стратегија за регулирање на вештачката интелигенција за наредните пет години.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фајнанс тинк: Светилките покажуваат колку се развиени регионите и какви плати се исплаќаат

saso user

Продолжен рокот за барање субвенции за млеко и несилки

saso user

Реализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант средства од ИПА

saso user