Балкан

Грција: Синоќа во Атина убиени водачи на црногорски клан

Во ресторан во главниот грчки град, Атина, синоќа биле убиени двајца државјани на Црна Гора, водачите на таканаречениот Шкаљарски клан Стеван Стаматовиќ (43) и неговиот врсник Игор Дедовиќ (43), кои во моментот на убиството биле заедно со своите семејства.

Во пукањето во ресторанот била ранета и една жена. Како што пренесуваат српски медиуми, сè се одиграло за 30-тина секунди. Четири лица кои со маскирни униформи влегле во ресторанот и со автомат почнале да пукаат кон масата на која седеле убиените, а на која се наоѓале десетина луѓе.

За Дедовиќ, кој со неговиот брат важи за водач на наркокланот, имало распишана потерница од Интерпол за обид за двојно убиство на членови од ривалски клан во Котор. Стаматовиќ е водач на криминална група од Подгорица, која многу соработувала со Шкаљарскиот клан.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меркел утре ќе разговара со Харадинај за односите меѓу Белград и Приштина

saso user

Нова демократија победи на изборите во Грција, Ципрас најави предвремени парламентарни избори

saso user

Бериша треба да му плати на Рама 4.100 евра за клевета

saso user