Сцена

Џенифер и Бред не можат да ги тргнат рацете еден од друг: Емотивна средба на наградите САГ ФОТО+ВИДЕО

Меѓу поранешните сопружници очигледно е дека сè уште има силни емоции, а нивните фанови не можат да бидат посреќни.

Обожавателите на Бред Пит и Џенифер Анистон по 26-то доделување на SAG наградите не можат да бидат повозбудени.

Парот за кој сите сакаат да се смири имал момент за кој денеска сите зборуваат.

Бред ја освои наградата за најдобра изведба во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, а потоа Џенифер освои награда за својата улога во драмската серија „Утринско шоу“

И додека Џенифер неговиот говор го следеше во живо, Бред во моментот кога таа излегуваше на сцена не бил во салата, но на социјалните мрежи се појави снимка на која тој стои во бекстејџот и како хипнотизиран го следи говорот на Џенифер на телевизорот.

Потоа двајцата конечно се сретнале лице в лице, а фотографите бидејќи биле во нивна близина го искористиле моментот па настанала оваа легендарна фотографија која денес кружи по социјалните мрежи.

SAG Awards®

@SAGawards

We forever want to watch Brad watch Jen receive her Actor®

Embedded video

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лана Дел Реј открива детали за нејзиниот нов албум (ФОТО)

saso user

Хали Бери ја покажа новата тетоважа на грбот ФОТО

saso user

ВО ЖИВО: Втора полуфинална вечер на „Евровизија 2019“

saso user