Свет

Oколу 400 повредени во антивладините протести во Бејрут

Приближно 400 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на парламентот, соопштија болнички извори.

Демонстрантите на социјалните мрежи денеска повикаа на протест пред зградата на парламентот, каде што вчера се случија судирите.

Околу 30 луѓе се приведени, но Обвинителството нареди нивно ослободување.

Во протестниот камп во центарот на Бејрут вчера изби пожар, што беше локализиран. Се уште не е познато што го предизвика пожарот.

Претседателот на Либан, Мишел Аун побара од армиските и полициските командатни да воспостават мир во Бејрут и да ги заштитат мирните демонстрантите, како и јавната и приватната сопственост.

Протестите во Либан против политичките елити, што се на власт од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990) траат веќе три месеци, а демонстрантите ги обвинуваат политичарите за корупција, за лошо владеење и за најтешката економска криза.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗАБЕГАНОСТ – Возела 100 километри на час со синот на покривот ВИДЕО

saso user

Борба за Нотр Дам: Дали ќе добие стаклен кров, челична кула или минаре?

saso user

Пелоси, Трамп, Нетанјаху, Си Џинпинг, папата Франциско меѓу 100те највлијателни за 2019 година

saso user