Свет

Укината забраната за користење на дронови во Шри Ланка

Властите на Шри Ланка денеска ја укинаа забраната за користење на беспилотни летала, што беше воведена по терористичките напади за време на Велигден минатата година, при што загинаа 263 луѓе.

Укинувањето на забраната уследи по барањето на медиумските институции, странци, снимателите и фотографите на свадби и реклами.

И покрај анулирање на забраната, операциите на беспилотните летала и понатаму ќе бидат забранети во безбедносните и зоните со ограничено летање. Сите цивилни оператори на дронови ќе мора да добијат дозвола од Министерството за одбрана.

Беспилотни летала во Шри Ланка беа забранети во мај минатата година поради безбедносни проблеми, еден месец откако седум бомбаши-самоубијци од локалната муслиманска група Нешонал Товхид Џамат нападнаа три цркви и три луксузни хотели, при што загинаа 263, а повредени беа над 500 луѓе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Осум судови во Москва евакуирани поради дојави за бомби

saso user

Ривалот на Нетанјаху го призна поразот на изборите

saso user

Aмерикански филм за загадената планета со Македонци во продукцијата

saso user