Македонија

Празнична тепачка во Штип, крстот остана во црквата

Закани, туркање,влечење и непристојни зборови за во чии раце да биде крстот. За среќа, инцидентот што фрли дамка на Водици во Штип, не траеше долго, преснесува регионалната телевизија Стар.
„Ми го земаа крстот од раце. Таму каде што јас и останатите се наведавме да го земеме, јас го фатив крстот, но еден од кандидатите со закани кон мене, пушти го, пушти го, јас го фатив,а не ти, сакаше да ми го земе крстот, но бев упорен и не го дадов“, изјави Наумче Балевски – граѓанин
Брегалничкиот митрополит објави соодветни мерки како опомена за во иднина да не има вакви и слични инциденти…
„Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложив, додека се смират луѓето и се намали тензијата, крстот да остане во црквата оваа година. А, в година ако се средат работите како и годините наназад, повторно крстот ќе биде носен низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во соборниот храм свети Никола, од утре секој кој сака да дојде ќе може да го стори тоа, да го бакне крстот и да се помоли“, изјави г. Иларион – митрополит Брегалнички.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Момчиња од Скопје ги малтретирале поранешните девојки

saso user

Груевски му порача на Заев дека двапати иста финта не поминува

saso user

Шефот на државата не се извинува, јавноста ќе почека на тет-а-тет средба Пендаровски – Мицкоски

saso user