Македонија

Заев: Не се прашуваме само јас и Мицкоски за законот за јавно обвинителство

Лидерот на владејачкиот СДСМ Зоран Заев денеска од Охрид изрази очекување дека до 12 идниот месец парламентот ќе ги донесе сите неопходни законски решенија, меѓу кои и законот за јавното обвинителство за кој е неопходно двотретинско мнозинство.

– Тоа е комплексен закон што и е потребен на земјата во европските интеграции. Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдемем решение. Сега сме растоварени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растоварени можеме во парламентот да договориме структурно, суштинско решение за јавното обвнителство што би било поддржано од сите. Навистина верувам дека ќе се изнедри двотретинско мнозинство заради обврската, одговорноста што ја имаме пред народот и државата – рече Заев.

Тој уште истакна дека ако е потребна лидерска средба, истата треба да се одржи следната седмица, затоа што следуваат процедури во парламентот, од комисиска расправа, пленарна седница…

– На крајот на денот не се прашуваат само Заев и Мицкоски. Тука се и другите политички партии, независната пратеничка група, за да може сите да дадат свои сугестии за едно вакво суштинско, структурално решение – рече Заев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најкусото претседателско обраќање: Најважно е да организираме фер и демократски избори

saso user

Илија Димовски се сретна со вистинскиот Порошенко

saso user

Нов протест за чист воздух во Скопје

saso user