Спорт

Ван Дајк – најефикасен дефанзивец во Премиер лигата

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го отвори резултатот на вечерашниот натпревар со Манчестер јунајтед. Ова е четврти гол на 28-годишниот Холанѓанец оваа сезона на 22 натпревари. Тој постигна ист број на голови минатата сезона на 31 натпревар.

Така, од почетокот на минатата сезона, Ван Дајк има постигнато осум гола – повеќе од кој било друг дефанзивец во лигата.

Вреди да се одбележи дека сите четири гола оваа сезона, Ван Дајк ги даде со глава.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓоковиќ и Надал во четвртфинале во Монако

saso user

УЕФА ги обврза европските клубови, без српските, да гостуваат во Косово

saso user

Надал и Барти се број 1 за годината во рангот на ИТФ

saso user