Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка до граѓаните за Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Водици е денот кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител. Крштевањето на Исус е симбол на духовното раѓање, а Бог ни го покажува патот на покајанието и прочистувањето. Радоста на Богојавление е во верата дека сѐ може одново да се измие и обнови.
Негувајќи ја традицијата и духовното наследство, ќе имаме сила и верба за обединување на сите во Република Македонија.

Нека Светиот Крст Ви донесе многу здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во вашите домови.
Нека е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!
Бог се јави!
Навистина се јави!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Информација до Здружението на Пчелари

saso user

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ

saso user

Општина Охрид со соопштение во врска со Мислењето на Државната комисија за спречување на корупција

saso user