Свет

Балеарски Острови сакаат да стават крај на „туризмот на пијанчење“

Регионалната влада на Балеарски Острови усвои закон со кој планира да го ограничи „туризмот на пијанчење“ што вклучува забрана за „среќни часови“, отворени барови и ограничена продажба на алкохол во населените зони на шпанскиот остров во Средоземно Море.

Новиот закон забранува и „балконинг“, опасна практика која во последните години одзеде дванаесет животи на пијани туристи. „Балконинг“ е прескокнување од една тераса на друга, најчесто во хотели и туристички апартмани или пак скокање од високи тераси во базен.

Алкохолни екскурзии, автомати со алкохол, забава на бродови и реклами за алкохол се забранети во местата Плаја де Палма и Магалуф на остров Мајорка, а исто така и во Сан Антонио на островот Ибица. Туристите нема да можат да купуваат алкохол во овие места од 21 часот до осум часот наутро.

Тие места се најпопуларни помеѓу британските туристи.

Локалната власт соопшти дека Балеарски Острови се први во Европа во борба против туризмот заснован врз ексцеси, и секој што ќе практикува или дозволи „балконинг“ ќе биде исфрлен од хотелот и ќе биде казнет со парична казна до 60.000 евра.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Чудовиштето од Лох Нес веројатно е џиновска јагула

saso user

Зариф: Или секаде во Заливот ќе има безбедност или никаде

saso user

Во Сан Франциско предлог за забрана на електронски цигари

saso user