Сцена

По три години врска раскинаа Риана и Хасан

Риана и бизнисменот Хасан Џамел по речиси три години ја прекинаа љубовната врска. Извор близок на парот за Е!News потврдил дека тајно ја прекинале вската.

Пеачката и бизнисменот врската ја започнаа во 2017 година, и од самиот почеток парот бил таинствен и ретко заедно се појавувале во јавност. Последен пат видени се во август 2019 година на вечера во Беверли Хилс.

Риана во 2018 година за магазин навестила можен брак и деца.

– Влегов во нова врска и тоа ми е важно. Одлучив дека морам да имам време за тоа. Како што ја негувам својата работа, така морам да ја негувам и оваа врска – рекла Риана.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хурем и Џерард Батлер во прегратка: Емотивна средба во Берлин ФОТО

saso user

АББА се враќа: Бени Андерсон потврди излегување на нов албум годинава ВИДЕО

saso user

Софи Тарнер го открила крајот на „Игра на тронови“

saso user