Спорт

Официјално: Јанг го замени Манчестер Јунајтед со Интер

Англискиот фудбалер Ешли Јанг официјално стана играч на италијански Интер. Ова го објавија „нероазурите“ на својата официјална веб-страница и на социјалните мрежи. Тој потпиша шестмесечен договор, кој може да биде продолжен во текот на летото.

Според извештаите на медиумите во Италија и Англија, износот на трансферот што го добил Манчестер Јунајтед за Јанг е 1,5 милиони евра. Фудбалерот се раздели со англискиот клуб, каде мина осум и пол години. Тој освои 5 трофеи со „црвените ѓаволи“.

Деновиве, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер објасни зошто клубот го пушта ветеранот во Милано.

– Тој ќе наполни 35 години во лето, и ако може некаде да добие двегодишен договор, мислам дека мора да прифати. Не бевме подготвени да му го понудиме тоа. Тој му служеше добро на клубот. Тој беше капитен, освои трофеи, но имаме и други играчи, рече Норвежанецот, цитиран од Би-Би-Си.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Емери: Озил треба да покаже постојаност

saso user

Работнички убедлив против ФМП, Кожув поуспешен од Гостивар

saso user

Шпанија прв финалист на ЕП во ватерполо

saso user