Свет

И пожари и поплави во Австралија

Од громови и поројни дождови денеска се погодени делови од источниот брег на Австралија, а поради поплавите затворени се одредени главни патни правци.

Во исто време во делови од Австралија, каде не врне дожд, се уште се активни 100 пожари во кои загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 2.500 домови, а опожарена е површина колку Германија.

Австралиските држави Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои најмногу беа погодени од сушата и пожарите сега се справуваат со поплави предизвикани од поројните дождови.

Во Квинсленд затворени се патишта, како и многу паркови и туристички атракции. Додека невремето во делови од Нов Јужен Велс предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а противпожарната служба соопшти дека поројниот дожд помогнал да се стават под контрола 75 пожари.

Во Викторија се уште горат десетина пожари, но е анулирана наредбата за евакуација на жителите во планинскиот предел. И во таа сојузна држава дождот помогна во гаснење на пожарите, но се создаде густ чад, што би можел да влијае врз одржувањето на последното коло од тениските квалификациските натпревари на „Австралија опен“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вечерва дебата на шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комисија

saso user

Во протестите во Багдад загина еден демонстрант, а 25 се повредени

saso user

Ерусалим тагуваше со Париз, во пламен и Ал-Акса (ВИДЕО)

saso user