Македонија

Инспекторите на терен по пријавено загадување на реката Серава

Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ќе се констатира фактичката состојба на терен откако во утринските часови од страна на граѓани било пријавено загадување во реката Серава, Карпош.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопштија дека подетални информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.

– Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка, стои во соопштението.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Федер Бау“ напролет отвора нов погон

saso user

Моторџија удрил во пешак и побегнал

saso user

Заев: Да ги видам снимките, па ќе одлучам дали да барам оставка од Рашковски

saso user