Македонија Топ вести

Заев: Ако треба јас и Мицкоски да седнеме, да седнеме и да најдеме решение за законот за обвинителството

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство ако работните групи на двете партии ги доближат ставовите.

Тој истакна дека во моментов партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

– Ако има реална потреба, би седнал да разговарам со Мицкоски, бидејќи е важно за државата. Се работи за системско решение кое е двотретинско и сите имаат одговорност. Се надевам дека ако не пред, по изборите ќе го донесеме. Може тоа да го направиме сега додека работи парламентот за да дадеме аргумент повеќе на евроамбасадорот, на земјите членки за конечно да добиеме позитивна одлука. Ако треба јас и Мицкоски да седнеме, да седнеме, верувам дека ќе најдеме решение – рече Заев.

Тој рече дека се надева на подршка и од осумте пратеници,бидејќи тие веруваат во европската иднина. З а законот разговарал и со опозициските лидери од албанскиот блок Зијадин Села и Билал Касами и дека тие биле позитивни за тоа прашање.

Тој додаде дека разговарал со независните пратеници во Собранието и порача дека може и да го подобрат овој Закон сите пратенички групи, а со цел истиот конечно да се донесе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Секој ден си возат без дозвола и гајле си немаат

saso user

Две лица повредени во сообраќајката на Блаце, пренесени на Ургентен (ФОТО)

saso user

Академик Блажо Боев реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

saso user