Балкан

Грчките хакери го возвратија ударот: Анонимус тврдат дека хакирале турски сајтови

Како одговор на нападите на грчки владини сајтови од турска хакерска група, Анонимус Грција, попладнево излегоа со тврдење дека хакирале турски сајтови, меѓу кои и мејл сервиси на турската полиција, на турската разузнавачка служба, на бројот 112 за итни случаи, како и на весници, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како што Турците удрија вчера, така ние ден подоцна одговараме. Информираме дека нападите сега почнуваат, напишаа Анонимус Грција.

Претходно, турските хакери „Anka Neferler“ ја презедоа одговорноста за проблемите што синоќа се појавија на неколку грчки владини сајтови, тврдејќи дека извршиле хакерски напад.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сараево маршираше во боите на виножитото

saso user

Тројца повредени со нож во кафуле во Србија

saso user

Се враќале од свадба па доживеале несреќа, двајца загинати во Србија

saso user