Балкан

БиХ се обврзала дека нема да ја окупира Месечината и дека во Вселената нема да користи нуклеарно оружје

Бoсна и Херцеговина се обврзала дека нема да ја окупира Месечината, ниту други небесни тела, пишува N1.

Тоа е дел од документот кој е ратификуван вчера на седницата на Парламентот на БиХ.

Станува збор за Договор за принципите со кои се уредува дејствувањето на земјите во истражување и користење на Вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.

– Правилата за користење на ресурсите од Вселената би можеле да причекаат, барем додека не се уредат земските – изјавил за Радио Слободна Европа Мирко Шаровиќ, претсавник на Српската демократска партија во Парламентот на БиХ.

Меѓу останатото БиХ со договорот се обврзала дека во Вселената нема да користи нуклеарно оружје.

Во Договорот пишува дека Вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела, не се предмет на национално присвојување на основа на барања за суверенитет, за користење или за окупација.

Станува збор за меѓународен договор, а некои парламентарци велат дека тој и не е некој приоритет.

– Додека државата губи голем број на жители, ние се занимаваме со проблеми на Вселената кои апсолутно не не засегаат, ама мора да се усогласат со некои европски принципи – вели Шемсудин Мехмедовиќ од партијата Демократска акција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Независни Грци нема да учествуваат на парламентарните избори во Грција

saso user

До смрт искасано бебе во Атина од домашно куче

saso user

Вучиќ: Нема да помогнам доколку го исфрлам бесот поради нападот врз ватерполистите

ohrid_user