Сцена

Сиа посвои дете и му понуди секс без обврски на диџеј Дипло

Пред неколку години кога се појави со перика која ѝ го покриваше целото лице и запеа, го остави светот со прашалник на главата и успешно го криеше својот идентитет за да може анонимно да го создава. Деновиве, Сиа одлучила да ги сподели најинтимните детали од животот.

Во ин­тер­вју за „Џеј-Кју“ рек­ла де­ка не­о­дам­на по­с­во­и­ла син и де­ка до­не­ла од­лу­ка да би­де син­гл до кра­јот на жи­во­тот. Ис­то така, Сиа рек­ла де­ка ми­на­та­та го­ди­на му пра­ти­ла по­ра­ка на ди­џе­јот Дипло, ко­ја гла­села:

– Оваа година му се јавив со порака и му реков: „Еј, слушај, ти си еден од петте луѓе што сексуално ме привлекуваат и сега кога решив да бидам сама до крајот на животот и посвоив син, немам време за врска… ако си заинтересиран за секс без обврски, јави се“ – објасни славната Австралијка во телефонското интервју за познатиот магазин.

Откако признала дека постои необична сексуална хемија помеѓу неа и славниот диџеј, јавноста не престанува да се чуди, бидејќи не го крие својот ентузијазам околу развојот на нивниот однос.

Освен отворениот повик за сексуален однос и сознанието дека не планира да има врска или брак до крајот на животот, Сиа ја извести јавноста дека неодамна стана мајка, односно посвои син.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кралот на валцерот дојде во Скопје со 9 шлепери и со оркестар од 60 члена

saso user

Најпродаваните музички артисти од 1969 до 2019 (видео)

saso user

Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата нова песна „Senorita“ ВИДЕО

saso user