Спорт

Ракометно ЕП: Хрватска на чекор до полуфинале

Хрватска ја совлада Австрија со 27:23 во првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство и направи огромен исчекор кон полуфиналето.

Победникот во „Винер Штадхале“ беше решен во воведните 30 минути што им припаднаа на „коцкестите“ со 13:8. Тимот на Лино Червар во продолжението одржуваше предност од четири до шест гола разлика и не дозволи никаква неизвесност.

Лидер во победничката селекција беше Златко Хорват со шест гола, по пет додадоа Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. Шест погодоци, пак, за Австријците постигна Роберт Вебер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Валверде го предизвика Гризман

saso user

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски пристигна во Торино

saso user

Фудбалерите на Реал под притисок, никој не знае кој ќе се прости со тимот

saso user