Спорт

Ибрахимовиќ не попушта во Милан!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е воодушевен што го привлече шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ.

Тој, сепак, признава дека напаѓачот има на што да работи по неговиот престој во САД, но е импресиониран од неговиот силен тренинг процес.

– Доаѓањето на Ибрахимовиќ е многу важно за нас. Важно е поради тоа што го носи на тренинзите, за тоа што го направи против Каљари и што сè уште ќе прави, убеден сум. Ибра ќе напредува. Тој е исклучителен професионалец, целосно посветен на она, со кое се занимава. Да гледаш како таков шампион тренира толку цврсто е толку инспиративно, особено за младите во тимот. По натпреварот со Каљари, тој ги мотивира играчите со тоа што им рече да работат напорно и со страст за да добијат резултати – рече Пиоли.

ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тежок удар за Астон Вила

saso user

Пилотот на авионот на Сала немал дозвола за летање ноќе

saso user

Роналдо: Лигата на шампионите е мој турнир, сакам да играм тука

saso user