Здравје

Знаете ли кој е најздравиот начин за консумирање на спанаќот?

Најздравиот начин за консумирање на спанаќ е да го ставите во смудиИмено, готвењето на овој зеленчук ги разбива антиоксидантите, додека од друга страна, мешањето свеж спанаќ со јогурт или млеко помага во ослободување на моќната хранлива материја лутеин.

Готвењето или пржењето на спанаќот го уништува лутеинот, покажала студијата.

Овој нутриент го намалува ризикот од срцев удар и го спречува оштетувањето на очите, покажаа некои претходни студии.

Научниците од Универзитетот во Шведска тестирале различни начини за подготовка на спанаќ, за да видат како се менува неговиот хранлив состав во однос на тоа како е подготвен.

Тие исто така редовно го мереле нивото на лутеин и утврдиле дека е најдобро да се јаде свеж, заедно со млечни производи.

Најдобро е да не го загревате спанаќот воопшто, а уште подобро е да го ставите во смуди напиток и да додадете млечни производи, како павлака, млеко или јогурт“, вели авторката на студијата.

„Кога спанаќот ќе се исечка на мали парчиња, се ослободува повеќе лутеин, а мастите од млечните производи помагаат лутеинот да се раствори во течноста“, објаснува таа.

Од друга страна, долгото готвење спанаќ е најлошиот начин за подготовка на овој зелен зеленчук. Со готвењето на пониска температура спанаќот задржува малку повеќе витамини, а подгревањето на спанаќот во микробрановата печка е исто така потенцијално поздрава опција, велат експертите.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Брзата и нездрава храна драстично ја намалува плодноста на мажите

saso user

Што да јадете меѓу оброци за да ослабете

saso user

Кога се туширате со сапун мијте ги само овие пет делови од телото!

saso user