Балкан

Загина планинар во Словенија, се лизнал во провалија

Планинар (69) загина при пад во провалија во областа Острица во Словенија. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, додека планинарот се движел по планината во еден момент се лизнал и почнал да паѓа кон провалија длабока 50 метри. Друг планинар се обидел да му помогне, но неуспешно.

Планинарот паднал во провалијата и поради тешките поврди набрзо починал. Телото било извлечено од страна на полицајците од Целје, со помош на армијата.

Властите ги предупредуваат планинарите да бидат внимателни, бидејќи само минатата година во Словенија животот го загубиле 41 планинар.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Свака будала , своје весеље:Вулин од утре ќе штрајкува со глад поради протестите на опозицијата

saso user

Грчки министер сам ќе плати 12 илјади евра за кршење новогодишна пита со паричка за вработените

saso user

Со нож убиен мигрант во центарот на Белград

saso user