Свет

Германија достигна рекордни 83,2 милиони жители

Германија, заедно со миграцијата, достигна рекордни 83,2 милиони жители минатата година. Но ова е најбавниот раст од 2012 година, објави денеска Канцеларијата за статистика.

Германија има една од најстарите популации во светот, а минатата година се регистрирани повеќе смртни случаи отколку раѓања од 1972 година.

Стареењето на населението е предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и проблем за компаниите кои сакаат да ангажираат квалификувани работници.

Нето миграцијата е проценета на 300.000 до 350.000 во 2019 година, што е намалување во однос на претходната година кога беше 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика.

Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот исток, Африка и другите делови на светот дошле во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отвори границите во 2015 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На смртна казна во Бангладеш осудени 16 лица поради убиство на девојка

saso user

Исчезнатите на Крит пронајдени мртви

saso user

Гугл мапс ќе го бележи нивото на улично осветлување

saso user