Урбани вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НАПРАВИ УВИД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија  „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, во рамки на правата фаза од санација на Колекторскиот систем, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и на овој потег извршено е комплетно чистење на цевководот во должина од 750 метри. Во моментот се изведуваат работни активности за санација на пумпната станица „Орце Николов“ и чистење на цеководот од потегот на вила „Билјана“ кај месноста Горица до потегот кон каналот „Студенчишта“.

За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР МАРКУШ

saso user

ЛАЗЕ ТАНЕСКИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ ОХРИД

saso user

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИСТРИЦА“

saso user