Свет

Во секташки ритуал во Панама убиени седум лица

Тела на седум лица беа пронајдени во масовна гробница контролирана од религиозна секта во Панама.

Според обивинителството, на местото на инцидентот биле пронајдени голи мажи и жени, ножеви и мачети. Меѓу починатите е и една бремена жена и пет нејзини деца, а полицијата ослободила 15 заробени лица.

Властите се сомневаат на ритуални обреди, во кои луѓето биле малтретирани, горени и сечени, со цел да се покаат за своите гревови.

Станува збор за релативно нова религиозна секта наречена „Ново божјо светло“. Десет лица се уапсени под сомнение за убиство.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во трка за идниот британски премиер се Џонсон, Гов и Хант

saso user

Прв случај на „сериски убиства” во Кипар

saso user

Ердоган: ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги

ohrid_user