Бизнис

Вкупно 59.600 лица се вработиле за две и пол години

Вработување на 59.600 лица за две и пол години и пад на процентот на невработеност на 17,1 отсто се резултат на имплементацијата на политиките за вработување, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на презетнтацијата на  резултатите од Оперативниот план на програми и мерки за вработување во 2019 година.

–  Во 2019 година од буџетот на државата се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари што е за 84 проценти повеќе од 2016 година кога вкупниот буџет за оперативни мерки за вработување бил 707 милиони денари. Ова е директна интервенција во зголемување на вработувањето, но исто така е и можност за директна поддршка на новите компании коишто понатаму треба да отвораат нови работни места – рече Царовска.

Царовска рече дека дел од мерките кои се успешни биле преточени и во законои како мерката практикантство.

Таа додаде дека преку програмата за самовработување се одобрени вкупно 1.484 грантови, а досега се регистрирани 1.320 микро бизниси од невработени лица. Од нив 478 или 36,8 отсто се млади лица, а 439 односно 33,8 отсто се жени.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска рече дека само со субвенционирање на плати се отворени 1.383 нови работни места.

– Поддршката за вработување и раст на правните субјекти придонесе за отворање на 621 ново работно место. Исто така практиканството како активна мерка беше многу побарувана мерка од страна на работодавачите. 1.697 млади беа вклучени во практиканството како активна мерка. Она што го побара стопанството од нас односно работодавачите беа обуките предквалификациите и доквалификациите и ние како активна мерка успешно ги реализиравме – рече Јовановска.

Според неа, 3.704 лица успешно ги завршиле обуките.

– Вкупниот процент на реализација на буџетските средства е 98,56 отсто. Активно работевме и на мерката за вработување на инвалидните лица. Тука беа вработени 231 лице. Покрај финансиски средства како поддршка за вработување на овие лица на фирмите и заштитните друштва им беа обезбедени финансиски средства за набавка на опрема за вработените инвалидни лица и адаптација на работното место – рече Јовановска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Тетекс“ Тетово го затвори последниот погон, акционерите ќе одлучат за неговата иднина

saso user

КСС најави протести и штрајкови, ако кај власта нема разбирање

saso user

Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар

saso user