Мода

„Версаче“ нема повеќе да користи кожа од кенгур

Италијанската модна куќа „Версаче“ се откажува од користењето кожа од кенгур во производството, под притисок на заштитници на правата на животните од организацијата ЛАВ.

„Можеме да потврдиме дека конечно прекинуваме со употребата на кожа од кенгур во нашите колекции“, соопшти „Версаче“ во електронско писмо до британското списание.

Гласноговорникот на ЛАВ, Симоне Павезе изјави дека активистите во многу прилики „покажувале на каков сè брутален начин кенгурите се убивани”. Освен тоа, во огромните пожари во Австралија, голем број животни, вклучително и кенгури, угинаа.

– Тоа е вистинска еколошка катастрофа, што претставува ризик да истреби многу видови животни од лицето на Земјата – додава Павезе.

Првата забрана за користење кенгурска кожа во своите производи беше наложена од „Дијадора“ – италијански производител на спортска облека, обувки и додатоци.

Европската Унија, како што јави „Гардијан“, е најголемиот извозник на месо и кожа од кенгур од Австралија. Во таа смисла, Италија е водечки извозник на кожа.

Модната куќа „Версаче“ е основана 1978 година од италијанскиот дизајнер Џани Версаче, застрелан 1997 година од сериски убиец на прагот од својата куќа. Работата на креаторот потоа ја продолжува неговата помала сестра – Донатела Версаче.

ФОТО: EPA / DANIEL DAL ZENNARO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џорџо Армани со нова пролет-лето колекција

saso user

Кои професии се најпосакувани при избор на љубовен партнер?

saso user

Најдобрите селфи фотографии на кои познатите личности позираат без шминка (Галерија)

saso user