Свет

Oгромна дупка на улица проголта автобус во Кина, шестмина загинати (ФОТО)

Најмалку шест лица погинаа, а 16 се повредени откако средe улица во Кина се отворила огромна дупка во која пропадналe автобус и неколкумина пешаци.
Инцидентот се случил синоќа пред болницата во Џининг, главниот град на провинцијата Кингхаи, јави Би-Би-Си.

На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила дупка на улицата. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот, што, исто така, пропаднал во неа.

Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица биле во автобусот кога дошло до оваа трагична несреќа.

Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиците и патиштата во оваа земја настануваат поради честите и неадекватни градежни работи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар

saso user

Трамп: Многу добри работи ќе се случат во Северна Кореја

saso user

Вебер останува претседател на ЕПП

saso user