Бизнис Топ вести

Ноќевање од 15 евра за Водици во хотелите во Охрид

Хотелите во Охрид и во Струга ги преполовија цените за ноќевање во викендот за верскиот празник Богојавление – Водици за домашните туристи. Цената за ноќевање со појадок во хотелите кои се членки на Зружението на хотелиери (ХОТАМ) е 15 евра по човек и важи за периодот од 16 до 20 јануари.

– Намалувањето на цената на хотелското сместување на овој верски празник е веќе традиција бидејќи неколку години со ред донесуваме ваква одлука. Првата година ја намаливме цената на 20 евра по човек, па потоа на 18 евра и за годинава се договоривме да ја намалиме на 15 евра за ноќевање по човек. Оваа цена за празничниот викенд ја прифатија сите членки на ХОТАМ од Охрид и Сруга. При букирање на соба само треба да се праша дали хотелот е членка на ХОТАМ и да се посочи на попустот – вели претседателот на Здружението, Крсте Блажевски.

 

Одлуката на ХОТАМ е донесена на иницијатива на општина Охрид која е прифатена од сите членки на охридското крајбрежје.

Хотелиерите очекуваат зголемен број на гости од земјава и странство поради празникот и интересната програма, за што ќе придонесе и зимскиот одмор на учениците.

Нешто пониски цени од вообичаените викенди имаат и охридските хотели кои не се членки на ХОТАМ.

Општината Охрид независно од верското чествување на Богојавление, организира богата празничната програма. Во нејзини рамки е и големиот конценрт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо кој ќе се одржи во пресрет на Водици на 18 јануари.
Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите, односно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител.

Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини и концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски. И оваа година се организира подготовка на рибна чорба во голем казан, која ќе биде послужена на сите гости. Оваа манифестацијата ќе се одржи напладне на Градскиот плоштад.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Битиќи: Владата креира мерки за заржување на работниците и не стимулира нивно отпуштање

saso user

Димковски: Ќе бидеме тука со лозарите за откупните цени и за вишоците

saso user

Грција е против раздвојување, С. Македонија и Албанија во пакет да добијат датум

saso user