Македонија

Нема веќе вакцинирање против беснило и против јазлеста кожа

Престанува вакцинацијата против јазлеста кожа кај говедата и против беснило кај дивите животни.

Како што информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, опасноста од јазлеста кожа е помината со оглед дека болеста не е присутна во земјава од 2017 година. Превенцијата ќе продолжи со следење на состојбата, односно со мониторирање на фармите.

Ова важи и за беснилото кое не е присутно од 2012 година, а последен пат вакцини во вид на мамки беа фрлени лани есента. И во овој сегмент ситуацијата ќе се следи со мониторирање.

– На добар пат сме да покажеме дека овие две болести ги нема кај нас. Тоа ќе значи можност за поголем извоз и унапредување на економијата, но и подобрена здравствена заштита и на животните и на луѓето – рече Атанасов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ново игралиште во училиштето „Златан Сремац“ – искршено уште пред да биде отворено

saso user

Герила за слобода на скопските дрвја

saso user

„Осумката“ бара намалување на бројот на пратеници и лица со посебни потреби на листите

saso user