Свет Топ вести

Кралицата им дозволи на Хари и на Меган да се одвојат (ВИДЕО)

Кралицата Елизабета вчера имала конструктивен разговор со семејството за иднината на внукот Хари и неговото семејство.

Принцовите Хари, Вилијам и нивниот татко принцот Чарлс вчера повеќе од два часа беа на состанок со Нејзиното Височество.

„Денес, моето семејство имаше многу конструктивни дискусии за иднината на мојот внук и неговото семејство. Моето семејство и јас целосно ја поддржуваме желбата на Хари и Меган да создадат нов живот како младо семејство. Иако би сакале тие да останат редовни членови на кралското семејство, ние ја почитуваме и ја разбираме нивната желба да живеат понезависен живот како семејство, а при тоа да останат вреден дел од моето семејство.

Затоа е договорено дека ќе има преоден период во кој Сасексите ќе го поминуваат времето во Канада и во Велика Британија.

Ова се сложени прашања кои моето семејство треба да ги реши. Има уште многу работи што треба да се направат, но јас побарав конечните одлуки да бидат донесени во наредните денови“, пишува во изјавата на кралицата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тајланд почна со тестирање вакцина против ковид-19 врз мајмуни

saso user

Столтенберг: Членот 5 од НАТО повелбата ќе се применува без разлика на Законот за одбрана

saso user

Ким Џонг Ун се смее, 30 девојчиња плачат ФОТО

saso user