Македонија

И Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар.

По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.

Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе.

– Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Поградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта – велат од македонското друштво „Илинден“.

Во исто време друштвото упати честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бетмен го пречека Дурловски пред судот

saso user

Гимназијата од Крива Паланка објави линк за онлајн часови

saso user

Министерот Елвин Хасан на 10-ти Босфорски Самит во Истанбул

saso user