Бизнис

Грчкиот гас ќе протече низ Македонија во 2022 година

Земјава во 2022 година ќе се поврзе со грчката гасоводна мрежа од каде ќе може да се снабдува со гас од гасоводите ТАП и ТАНАП, односно од гасоводите преку кои Грција се снабдува со овој енергенс. Интерконекцискиот вод кон Грција е планирано да почне да се гради до крајот на годинава. Сегашното поврзување со Бугарија е искористено само со 30 отсто од годишните капацитети, а пресметките за ново поврзување со Бугарија се дека засега не е потребно. Годинава интензивно ќе се работи на обезбедување на гас до секој град. Изградбата, пак, на локалната мрежа која треба да донесе гас до домаќинствата не е ни почната.

Од Акционерското друштво Национални енергетски ресурси (НЕР) кое го изведува магистралниот гасовод велат дека годинава ќе се гради делницата од Гостивар кон Кичево, а се работи и на проектна документација за делниците Свети Николе – Велес и Гостивар – Охрид – Битола.

Директорот на НЕР Бајрам Реџепи вели дека документацијата за интерконекцискиот вод кон Грција е готова и се обезбедени дел од парите.

– Моментално се користи грант од Инвестициска рамка за Западен Балкан ( WBIF), за изработка на студијата за влијанието брз животната средина и за проектирање. Имаме многу добра вест од WBIF, бидејќи веќе е одобрен и грантот за градба од 10 милиони евра. Очекуваме дека изградбата на овој интерконектор ќе започне кон крајот на оваа година и ќе заврши до крајот на 2022 година, со што ги диверсифицираме нашите извори за снабдување. Тоа ќе значи дека ќе ги користиме сите ресурси за снабдување што ги има грчкиот оператор ДЕСФА – вели Реџепи.

Иако бизнисмени од земјава и Бугрија неодамна инсистираа земјава да изгради уште едно гасоводно поврзување со Бугарија, од акционерското друштво велат дека се уште не е време за тоа.

– Интерконекторот Петрич-Струмица, е многу битен, но ние во моментов имаме еден интерконектор со Бугарија, со оперативен капацитет од 800 м3 годишно, кој заради неразвиениот пазар кај нас се користи во нрамките на 30% од годишниот капацитет. Секоја инвестиција во изградбата на нови делници, ги зголемува тарифите за пренос. Тоа значи дека ние мора да ги оптимизираме и рационализираме трошоците за изградба во временска и финансиска – вели Реџепи.

Приоритет, според него, е да се довршат почнатите делници од гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар и Неготино – Прилеп – Битола и да се поврзат другите градови со гасоводот.

– Делницата Скопје – Тетово – Гостивар која е долга 88 километри е на ниво на реализација од околу 70%. За довршување на оваа делница треба да се реши и проблемот со дел од неекспроприраното земјиште во гостиварско. Делницата Неготино – Прилеп – Битола, е реализирана на ниво од околу 90%. Деветте делници треба да завршат во текот на првата половина од оваа година и ќе станат оперативни до крајот на оваа година – вели Реџепи.

Според програмата на НЕР, годинава треба да почне изградбата на делницата Гостивар – Кичево, во должина од 36 километри, а ќе се работи и на проектна документација за делниците Свети Николе – Велес и Гостивар – Охрид – Битола.

Напоредно со изградбата на главниот гасовод, според владините планови треба да се гради мрежата во градовите и населените места. Тоа, како што беше најавено, треба да се реализира преку јавно приватно партнерство. Владата формира и Комисија составена од членови од повеќе институции. Во подготовка е и тендерската документација за изградба на гасоводната мрежа.

Планирано е приватниот партнер да биде обврзан да гради не само во регионите каде што инвестицијата е исплатлива, туку и во регионите каде што е неисплатлива, што значи на целата територија на државата, со единствена тарифа.

Моментално во Градот Скопје и општините Струмица и Куманово делумно се изградени мрежите за снабдување на домаќинствата, додека преостанатите општини се во фаза на подготвување проектна документација и аплицирање за грантови од ЕУ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тепачка на црногорски бизнисмени во авион на „Монтенегро ерлајнс“

saso user

Трипуновски го претстави тимот од 12 советници

saso user

ИТ индустријата без субвенции ги зголеми платите за 7 отсто

saso user