Спорт

Надал реагира на српските навивачи: Мислеа дека тоа е фудбал

Рафаел Надал не беше задоволен од односот на некои српски навивачи за време на неговиот натпревар против Новак Ѓоковиќ во финалната серија на АТП Купот меѓу Шпанија и Србија. Освојувачот на 19 Гренд-слем титули објасни дека скандирањето од страна на навивачите на некои поени не личело на оние на тениски натпревар, туку на фудбалски натпревар.

Србија го освои АТП Купот со победа од 2:1 над Шпанија, откако прво Роберто Баутиста Агут го совлада Душан Лајовиќ, потоа во големиот судир Ноле го совлада Рафа, а во решавачкиот натпревар, светскиот рекет број два и Виктор Троицки ги совладаа Фелисијано Лопез и Пабло Карењо Буста во двојки.

– Понекогаш има луѓе од одредени земји кои не знаат точно како се случуваат работите во тенисот. Мислеа дека тоа е фудбал. Атмосферата во тенисот е различна. Имаше периоди на натпреварот во кој мала група од публиката не покажа почит – рече Надал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Австралија опен 2020 со рекорден награден фонд

saso user

Клоп: Обамејанг нема никакви недостатоци освен неговиот модерен стил

saso user

Вардар тргна со убедлива победа во СЕХА

saso user