Балкан

Марчек го призна убиството на новинарот Куцијак

Мирослав Марчек, еден од обвинетите за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата партнерка Мартина Куширова, ја призна денес вината во словачкиот суд во Пезинок, во близина на Братислава. Тој опиша како го извршил убиството, како и некои други околности за случајот.

Останатите тројца обвинети ја отфрлија вината. Признавањето на Марчек значи дека во неговиот случај ќе нема вообичаени докази, а судењето ќе биде насочено кон одредување на казната. Марчек исто така се изјасни за виновен и на претприемачот Петер Молнар во 2016 година, за што исто така ќе се расправа на тековново судење, што зпочна денеска во Специјалниот кривичен суд.

Триесетиседумгодишниот Марчек е втор од петмината обвинети во случајот на убиството на Куцијак и за него се бара затворска казна од 15 години.

Куцијан и Кушнерова се убиени во својата куќа во Велика Мача кај Трнава на 21 февруари 2018 година. Марчек изјави дека влегле во дворот и чекале во летната кујна Куцијак да се врати дома.

– Тогаш господинот Куцијак и госпоѓата Купшнирова се вратија заедно, значи видовме дека постои уште едно лице. Чекав погоден момент и тоа се случи кога г-ѓа Кушнирова појде во тоаслетот. Чукан на вратата, г-дин Куцијак отвори и го удрив в гради. Таа, Кушнирова, потрча до кујната, а јас отидов и таму ја удрив – рече Марчек на судот.

Тој додаде дека сакал убиството да го изврши на 19 февруари, но Куцијак не бил сам дома. Според зборовите на Марчек, Куцијак требало да биде киднапиран и убиен за никој да не може да го пронајде. Но, тоа било нереално. Исто така, говореше и за модификацијата на оружјето и куршумите за убиството и рече дека наредбата за убиството на Куцијак е од крајот на 2017 година.

Првобитно, словачката полиција идентификуваше друг обвинет, роднината на Марчек, Томаш Сабо. Меѓутоа, уште во текот на истрагата Марчек го призна убиството.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анкетите најавуваат дека Мицотакис ќе стане премиер: Нова демократија води пред Сириза со 7 отсто

saso user

Оставки од директорите на АНА-МПА и на ЕРТ

saso user

Турските власти апсат 249 дипломати поради поврзаност со Ѓулен

saso user