Спорт

Ердоган ми зеде сѐ: Турска фудбалска легенда вози такси во САД

Поранешната фудбалска sвезда на Турција, Хакан Шукур, раскажа како се одвива неговиот живот, неколку години по завршувањето на професионалната кариера. Во 2016 година, Шукур си навлече сериозни проблеми откако го критикуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните медиуми.

Како што е познато, легендата беше прогласена за член на терористичка организација, заради неговите врски со Фетулах Ѓулен. Потоа, Шукур бил принуден да замине во САД, каде отворил кафуле, но откако „чудни луѓе“ почнале да доаѓаат во неговиот локал, тој се нашол под полициска заштита и со неговиот случај се зафатиле од ФБИ.

Поранешниот напаѓач подоцна се преселил од Сан Франциско во Вашингтон, каде станал таксист и продавач на книги. Хакан Шукур е прв стрелец на репрезентацијата на Турција со 51 погодок. Неговата кариера траеше помеѓу 1987 и 2008 година, играјќи за Сакаријаспор, Бурсаспор, Галатасарај, Торино, Интер, Парма и Блекбурн.

– Сега почнувам да работам. Не ми остана ништо. Ердоган ми зеде сѐ. Моето право на слобода, моето право да зборувам и да се изразувам, моето право са работам – рече легендата, цитирана од „Мундо Депортиво“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Таткото на Ѓоковиќ: Новак ќе го стигне Федерер по Гренд-слем титули уште оваа година

saso user

Надал: Заслужив да изгубам!

saso user

Пеле повторно во болница

saso user