Сцена

„Беше еднаш во Холивуд“ – најдобар филм според американско-канадските критичари

Во Холивуд синоќа беа доделени наградите според изборот на американско-канадските критичари, а онаа за најдобар филм ја доби „Беше еднаш во Холивуд“, на Квентин Тарантино. Филмот, според критичарите, го има и најдоброто оригинално сценарио.

Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Хоакин Феникс за филмот „Џокер“. Онаа за најдобра глумица – кај Рене Зелвегер за „Џуди“.

Наградата за режисер на годината ја поделија Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“ и Сем Мендез за „1917“.

Најдобри споредни актери се Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“) и Лора Дерн („Брачна приказна“).

За најдобар млад глумец е прогласен Робин Грифин Дејвис во филмот „Џоџо Рабит“.

Најдоброто адаптирано сценарио, според критичарите, го има „Прекрасен ден во соседството“. Тоа е напишано од Ноа Харпстер и Мика Фицерман-Блу.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нејмар конечно ја призна врската со раскошната Хрватка ФОТО

saso user

Амал Клуни ги засени сите на приватната вечера со принцот Чарлс ФОТО

saso user

Меган Фокс првпат фатена на дело со раперот поради кого го напушти сопругот ФОТО

saso user