Балкан

Албанската полиција ќе добие 19 милиони евра од ЕУ во следните две години

Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, кој присуствуваше на 107 годишнината од формирањето на албанската полиција и давањето во употреба на новите простории на специјалната единица „Ренеа“, задржувајќи се на борбата против организираниот криминал рече дека „побезбедна Албанија значи побезбедна Европа“.

Оцени дека „Ренеа“ е елитна државна полиција која спроведува важни интервенции и додаде дека години на ред ЕУ соработува со албанските безбедносни сили за нивна модернизација.

Според него во последните години, ЕУ финансирала 15 милиони евра во подршка на албанската полиција и оти помошта ќе продолжи.

– Работевме заедно со албанските сили за модернизирање на граничното управување. Во наредните две години ЕУ за полицијата ќе обезбеди 19 милиони евра. Причината зошто сме тука треба да се смета како многу важно во борбата против организираниот криминал – нагласи Сореца.

Според него организираниот и тешкиот криминал не се домашни и локални појави, туку тие зависат од нивната транснационална врска.

– Со организираниот криминал мора да се борат сите – порача Сореца.

На свеченоста присутвуваше и премирот Еди Рама кој најави бескомпромисна борба против криминалот, како никогаш до сега.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Харадинај нема да биде пратеник во новиот состав на косовскиот Парламент

saso user

Босанец нарачал убиство на својот брат за 100.000 евра

saso user

Лагард: Европската централна банка ја намали прогнозата за раст за 2020 година

saso user