Македонија Топ вести

Џафери нема проблем со поништувањето на лустрацијата

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека „нема проблем“ со законот за поништување на лустрацијата. Блокадите во Собранието што се случуваат поради одредени законски решенија, како ова за поништување на лустрацијата, според првиот парламентарец се поради извесноста од предвремените парламентарни избори и оти тоа е се во рамки на кампања.

– Ниту сум го гледал материјалниот дел, ниту пак е моја надлежност да го гледам материјалниот дел. Тоа е работа на Собранието, што ќе одлучи Собранието тоа е и моја одлука. Јас како пратеник сум го поддржал законот за лустрација, не сум имал проблем со тој закон, ниту пак имам проблем со новиот закон. Во тој контекст посебен коментар не би требало – рече денеска Џафери.

За можноста законот за поништување на лустрацијата да предизвика уште една блокада во Собранието и за тоа како ќе се справи со тоа тој вели дека неговиот план е Собранието да се самораспушти на 12 февруари, а до тогаш е избор на самите пратеници и пратеничките групи што и како ќе прават.

– Извесно е дека одиме на избори и тоа е се во рамки на кампања – рече Џафери.

За законите за одбрана и за јавнообвинителска дејност, вели ќе можат да се донесат доколку се собере двотретинско мнозинство во Собранието.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шахпаска: Со Законот се воведува „семеен пакет на права“, социјалната помош 11 илјади денари

saso user

И легално се прислушува сѐ почесто, лани 358 лица биле под ПИ мерки

saso user

Заев: Бизнисмени ми се обратија дека се уценувани, го пријавив тоа

saso user