Бизнис Досие Македонија Топ вести

ВИСТИНАТА ЗА БОЛНИЦАТА ВО ШТИП И ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ НАРАЧУВА ТЕКСТОВИ ПРОТИВ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ?!

ВМРО ДПМНЕ, преку своите партиски мегафончиња, предизборно сака да си го испере од својот валкан образ матните игри околу изградбите на болниците во РСМ. За таа цел, сега истите оние кој Охрид го оставија цели 5 години без болнички комплекс, оние истите предводени од Никола Груевски и фамозниот министер Никола Тодоров, кој само од Општа Болница Охрид испраа над 10.000.000 Евра и остадоа долг на ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид од фантастични 5 милиони евра.Тоа се оние исти од ВМРО ДПМНЕ, кој Клиничката Болница „Трифун Пановски“ во Битола ја оставија во долг од над 4 милиони евра, а за цели 12 години успеаа да ја направат само фасадата на болницата, за која потрошилие или испрале фантастични 1.2 милиони евра ??

Обвинуваат оние дечки „поштени“ преродбенички, кој само од украдена опрема од болниците во РСМ (краделе компјутерски томографи, мамографи, ехо апарати), оние кој во соработка со фармацевската мафија, носеа фалсификувани лекарства со потекло од Кина и Турција, а на кој лекарства поставувале имина на познати фармацевски компании. Тоа се оние дечки од ВМРО ДПМНЕ предводени од Никола Груевски, кој 12 години сееа смрт низ македонските болници, оние кој се богатеа на штета на здравјето на пациентите…

ВИСТИНАТА ЗА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП

На ден 3-ти март 2016 година, ударна вест тогаш на сите медиуми во Македонија беше онаа: „Почна изградбата на новата Клиничка болница во Штип“..

Тогаш, предизборно, пренесувано од сите телевизии, радија и интернет портали во живо, известуваа како тоа во Штип  е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, двајцата директори на ФЗОМ, директорот на Бирото за лекови, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата пратеници во Собранието на РМ Никола Мицевски и Трајче Димков и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев.Тоа беше тогаш, кога преродбениците, оние криминалните на Груевци, спремале 30 милиони евра, од кој требало да здиплат цели 15 милиони евра за касата комитска?!

Она што е битен факт, а од кој сака денес ВМРО ДПМНЕ да се испере и огради претставува, тогашната изјава на Тодоров, кој тогаш  посочи дека тендерот за изградба на новата клиничка болница во Штип е спроведен согласно критериумите на Банката на Советот на Европа, а веќе е склучен и договорот со градежната компанија „Интеркат“, секако во 4 очи!

Изградбата на клиничката болница во Штип, тогаш од страна на Тодоров и Груевски беше јасно детерминирана  и таа требаше да се одвива  во наредните две години во две фази, од кои првата е изградба на објектот, а втората е доизградба и интегрирање на објектот. Колиничката Болница во Штип требаше според Никола Груевски и Тодоров да заврши во јануари 2018 година.

КАКО ВМРО ДПМНЕ ЈА ЗАПОЧНА ИГРАНКАТА СО КАМЧЕВ, ТАКА ЈА ЗАВРШУВА?!

Како што и обзнани Груевски и Тодоров на ден 03-03-2016 година при поставувањето на камен темелникот на наводната нова клиничка болница во штип, за оствраување на проектот била избрана  градежната компанија „Интеркат“, но како била избрана и по кој услови, тука всушност се крие и вистината и желбата на ВМРО ДПМНЕ да се оцрни Венко Филипче и СДСМ.

1.Веднаш по потпишувањето на договорот помеѓу Министерството за здравство, Влада на РМ и  градежната компанија „Интеркат“, се прават нови договори, со кој  градежната компанија „Интеркат“, склучува договор за подизведувач со фирмата АД „Бетон“ Штип, и тука започнува игранката.

2. А.Д. „Бетон “ Штип, склучува нов договор за под под изведувач со фирмата „Даки Даме Транс“ДООЕЛ од Демир Хисар, за изведување на градежни работи во објект Клиничка Болница Штип !Меѓу другите градежни зафати, АД „Бетон “ Штип на фирмата  „Даки Даме Транс“ДООЕЛ од Демир Хисар му дава да го гради и делот каде треба да биде поставен Компјутерскиот Томограф и Магнетната Резонанса, или дел кој подлегнува под сосема специфични услови за градба, пропишани со посебен правилник во делот на спречување на радиоактивно зрачење.

3.Она што тогаш Груевски и Тодоров , но и експертите на преродбата на ВМРО ДПМНЕ не воделе рачун, претставува фактот, дека само за одделот за Рентген и Радиологија, потребни се посебни трафостаници за снабдување со електрична енергија, од едноставна причина, што Комјутерскиот Томограф, а посебно апаратот за Магнетна резонаса, се големи потрошувачи на електрична енергија и истите не можат никако да бидат поврзани на постојниот енергетски систем на старата болница.

4. Најбитен елемент во целата криминална поставеност на ВМРО ДПМНЕ и тогашните челници на владата предводена од Никола Груевски, преставува фактот ,кој сакаат да го сокријат, а тоа е дека сите под под изведувачи фактурираат директно по ситуации на Министерството за здравство на РСМ, наместо тоа да го прави носителот на договорот градежната компанија „Интеркат“?!

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ГИ ОДОБРИ ИСПЛАТИТЕ ЗА СПОРНИТЕ СИТУАЦИИ ЗА НАВОДНА ИЗГРАДБА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП.

Откако со Министерството за здравство почна да раководи Министерот Венко Филипче, веднаш дава насока до службите да се изврши ревизија на сите договори за реновирање и изградби на болнички комплекси.Од како службите ја извршиле постојната ревизија, Филипче дава налог за запирање на било какви исплати на ситуации потпишани од негови претходници и формира тимови кој вршат увид на лице место и во Штип, Битола и Охрид. Минситерството за здравство прави извештај, кој го доставува до Влада на РСМ, МВр на РСМ и ЈО.

Штип како град и граѓаните на Штип не смејат да останат без болница, поради личните луди и криминални идеи на преродбениците од ВМРО ДПМНЕ.

Сега, истите тие криминогени структури од ВМРО ДПМНЕ, дел од нив и активни актери во „Рекет“, повторно преку обвинетите во „Империја“ сакаат да фо зачуваат капиталот на Орце Камчев и Цветан Панделевски, кој всушност преставува капитал на Никола Груевски криминалец со повеќе тапии. Во походот на Груевски, активно се вклучуваат и повеќе медиуми, кој директно во Будимпешта добиле високи новчани награди од криминалецот Никола Груевски, додека останатите 8 новинарски пера, во Охрид во елитен хотелски Камчев организирал вечера на која дебело ги кеширал новинарите, да ја започнат кампањата за пад на СДСМ и Зоран Заев..

С.Денесовски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев нема против лидерска во вила Водно

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 02.12.2019 година

saso user

Чилиманов, добро ја знаеме твојата преродбеничка , но и шпијунско-педерска врска, но и тоа ќе дојде на ред.

ohrid_user