Урбани вести

Изграден нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“

По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање  на сообраќајот во централното градско подрачје,  изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.

Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни  возила  во овој дел од градот.  На кружниот тек  е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно  уреден.

Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“ и “Охридски комуналец“, а финансиската конструкција е на Општина Охрид.

Наредниов период, штом дозволат временските услови  надлежните служби ќе извршат одводнување на токот, нивелирање на шахтите и асфалтирање на целиот круг.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ИСЧИСТЕНО И ОБЕЛЕЖАНО КАПАЛИШТЕТО КАЈ ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

saso user

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА

saso user

ВМРО-ДПМНЕ: Додека министерот Спасовски и градоначалникот Георгиески им замачкуваат очи на граѓаните, ситуацијата со дивоградбите не е помрдната од мртва точка

saso user