Урбани вести

ИЗРАБОТЕНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИ ОХРИДСКИ УЛИЦИ

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.

Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.

На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески.

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

О Г Л А С БР. 02/2019 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

saso user

Тепачка во казино во Охрид

saso user

СДСМ ОХРИД:Советот на општина Охрид конечно даде зелено светло за одлуката за поделба на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.На прав пат сме!

saso user