Досие Македонија Топ вести

Како Груевски и српските криминални групи го создадоа „Рекет“,дел 1-ви

Контраверзниот „бизнисмен“ Бојан Јованоски-Боки 13 уапсен на 15.07.2019 година на ГП „Богородица“, ова беше ударната вест од апсењето на Боки 13, кој настан е одбележан 2019 година. До ден денес никој не ја споменува неговата придружничка која патуваше со Боки 13 контраверзната Лила Филипоска, а за која Обвинителството за организиран криминал и корупција не поведе никаква постапка иако не е должна да ја прошири истрагата према Лила Филипоска, но и према контраверзниот „фризер“ Сергеј Варошлија?!

За напомена Филипоска и Варошлија беа главниот декор во сите походи на Боки 13, Зоран Милевски-Кичеец и Фросина Ременски или буквално учествувале директно како декор во сите рекетарски походи и тие добро знаеле што се се случува и што работи нивниот гуру Боки 13. Зошто Рускоска не ја проширила истрагата и кон овие две лица оставаме да објасне обвинителката Рускоска. Повеќе од фактот што овие лица заедно со Боки 13 и Фросина  Ременски, но и нејзиниот сопруг Јовче Ремеснки престојувале заедно во елитни хотели, уживале во гламур, а кој гламур воопшто не го плаќале и се завршувало на фала пријатно, ќе плати Боки, наместо Боки да плаќа од газдите на хотелите барал реклами од по 100 илјади евра, па така за тридневен престој во Охрид, Фросина, Лила Филипоска, Јовче Ременски и Боки 13 во еден хотел направиле сметка од 490 илјади денари, а во исто време Боки во друг хотел сместен со Сергерј Варошлија, Зоран Милевски-Кичеец направил сметка од 690 илјади денари, и од газдите на хотелите побарале сметката да се компензира со реклами но газдите да му доплатат со по 90 илјади евра на име на реклама на прва 1!!!

БУДИМПЕШТАНСКА ВРСКА ВО РЕКЕТ

Како што објавивме главниот организатор на севкупната папанизијанија наречена рекет всушност е со епицентар во Будимпешта, од таму се започнало а штетите завршуваат во Македонија. Неспорен е фактот дека Боки 13 во месец јануари 2019 година најнапред оди во Београд каде остварува контакт преку Андреја Вучиќ со Желко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, кој попатно е главен медиумски промотор на криминалните политики на Александар Вучиќ. Истиот ден во седиштето на ТВ Пинк во Београд во кабинетот на Желко Митровиќ се појавува еден од најконтроверните балкански шпиноски ликови Горан Живалејвиќ. Боки 13 на барање на Живалејвиќ остварува видео врска со Катица Јанева преку апликацијата WatsApp, каде се разговарало за понатамошни преземања на СЈО за предметите каде обвинет е Никола Груевски, но најповеќе за фамозните кинески провизии кои пари завршиле во Београд. Од кабинетот на Митровиќ се воспоставува видео врска-конференциска со азилантот Никола Груевски и се договара средба помеѓу Боки 13 и Никола Груевски која треба да се одржи во Будимпешта во хотелот „Данибиус хотел А сторија“ во Будимпешта. За таа цел во хотелот веќе бил резервиран апартман на име Бојан Јованоски, но уште еден апартман на име Горан Живалејвиќ, а која сметка ќе се плати од Компанијата Пинк. Лицето кое ќе однесе во хотелот „Данибиус хотел А сторија“ токму е Горан Живалејвиќ кој во македонската јавност стана познат по организацијата на крвавите настани на 27 април каде Живалевиќ се јавува како еден од главните оргзниаори со помош на Синиша Алекоски, тогашен советник за национална безбедност на тогашниот претседател Горѓе Иванов.Она што можеме да го изнесеме во овој момент е тоа што Боки 13 добил ветување дека во неговиот поход да се руши Владата предводена од СДСМ ќе биде награден со 2 милиони евра, од кои 100 илјади евра добил веднаш во кеш на аванс од Груевски. Исто така му било ветено, а и му било кажано дека поголем дел од македонските медиуми се контролирани од Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, додека голем број на познати новинарски имиња веќе подолг временски период се на платен список на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, а кои медиумски имиња се етаблирани во партијата на власт со цел да изработат во корист на ВМРО а за оцрнување, а на македонската Влада во сите сегменти. Боки 13 добива јасни напастија како треба да делува и повторно Живалејвиќ го враќа во Београд каде во хотелот „Хајат“ остварува средба со братот на претсердателот на Србија, Андреја Вучиќ, а на која средба присуствува и видно име од македонската Агенција за разузнавање, а чие нема во јавност нема да го објавиме.

ОРЦЕ КАМЧЕВ БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА СРЕДБАТА НА БОКИ 13 СО ГРУЕВСКИ

Главниот актер во „Империја“, а од кого се рекетриа малку поголема сума на пари добиле јасна порака од Горан Живалејвиќ за средбата помеѓу Боки   13 и Никола Груевски.

За напомена за срдбата дознал и Сашо Мијалков.  Од кога Камчев дознал за средбата осознал дека ѓаволот ја однел шегата па така сватил дека може да биде единствениот на кого ќе му се земат дебели пари, но на крај повторно ја добива осудителни пресуди и така рекетот да оди до недоглед, а тој да биде под перманентен притисок на Боки 13 и Катица. За средбата помеѓу Боки и Груевски знаела и Фроисина Ременски која била извесена од Боки 13, но какви документи таа му предала на Боки за компромитирање на македонските политичари, а кои документи и фајлови требало да бидат употребени од српските служби против Репулика Северна Македонија оставаме да утврди истрагата пременувајќи го иститурот Допрен глас . За напомена некои компромитирачки материјали завршиле директтно ик кај францускиот претседател Макрон, кој биле предадени лично од српскиот претседател Александар Вучиќ, но за тоа вво некоја друга прилика.

Камчев веднаш бара со Бојко Борисов, негов стар бизнис партнер, која средба ја остварува во Софија. Бојко Борисов имал некои сознанија добиени по оперативен план од високо позициониран во политички кругови македонски Владика, при што му дава соодветни напаствија на Орце Камчев како да постапува, но битен факт е дека го советува целата операција да оди во тајност, се додека не се обезбедат прецизни видео аудио записи, како би можело да се озбебеди во некоја идна постапка и пред Меѓународен фактор поддршка за Орце Камчев.

Бојко Борисов му дава напаствија на Орце Камчев дека тајната полиција на Бугарија ќе изврши комплетно покривање на домот на Камчеви, работните протории на Камчеви, како и на сите уреди за комуникација на фамилијата Камчеви, нешто што во периот од 15ти февруари 2019 година бугарската полиција и го прави. Се поставуваат софистицирани електронски системи за мониторинг и следење на комуникација и таа операција се одвива далеку од очите на македонските безбедносни служби и сето тоа завршува за неполни 24 часа.  Камчев е веќе спремен  да тргне во поход да се заштити сам себеси, но и да го оствари сонот на Груевски, да ја клекне Владата предводена од Зоран Заев.

С.Денесовски

Продолжува: Поврзаноста на Орце Камчев со Груевски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Осумнаесет лица повредени во осум сообраќајки во Скопје

saso user

Посебен сообраќаен режим во Скопје за манифестацијата „Виз Ер Скопски Маратон 2019“

saso user

МТСП: Вложуваме во младите, создаваме услови за напредок и развој на вештини

saso user