Балкан

Хрватска ги повлекува војниците од Ирак

Четиринаесет хрватски војници започнаа да се повлекуваат од Багдад по настаните предизвикани од американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани.

„Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО донесена во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници – четворица офицери и тројца подофицери“, објави дневниот весник „Вечерњи лист“.

Новиот контингент со новите седуммина беше испратен во Ирак во саботата, на 27 декември, додека стариот контингент со седумте, според плановите, требаше да го напушти Ирак по новогодишните празници. Затоа Хрватска во момент на одлука за суспензија на мисијата на НАТО има 14 наместо седум лица во Ирак.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грција на 1 јули ќе ја отвори границата со Македонија, но само преминот Евзони

saso user

Пожар во хотел во Атина

saso user

Вашингтон: Белград и Приштина да преговараат без провокации

saso user