Досие Македонија Топ вести

ПОВРЗАНОСТА НА БОКИ 13 СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ И СРПСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО БОРБАТА ДА СЕ ОЦРНИ ЗОРАН ЗАЕВ.?!

Боки Јованоски, алијас Боки 13, до денес 05-01-2020 година нема дадено во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на РСМ, никакви податоци за можни лица замешани во „Рекет“.

Поврзаност на лицето Зоран Заев, како и неговата потесна фамилија во случајот „Рекет“, нема и сето она што се обиде преку дел од јасно означените партиски опозициски медиуми да се лиферува во јвноста, претставува уште една голема Лажна Вест, со јасна цел, стокмена директно од Будимпешта.

Но за нештата да бидат појасни, повторно ќе изнесеме факти, како што направивме и пред 2,5 години, кога започна аферата “Рекет“, она што не се истакнува јавно, а многу лица го знаат:

1.Боки Јованоски, аилијас Боки 13 во месец Јануари 2019 година, со посредство на Жељко Митровиќ, сосптвеник на ТВ „Пинк“, а по препорака на Андрија Вучиќ(брат на Александар Вучиќ), остварува во Будимпешта дводневен состанок со азилантот Никола Груевски во елитниот Хотел „Danubius Hotel Astoria“. Која е поврзаноста на Боки 13 со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, оставам да откријат големите истражувачки „новинари“, кога ќе дојде време и кога јас ќе проценам, ќе објавам.

2.Боки 13, во неколку наврати се обидува со смешни изјави, од типот дека некој сака да го убие и слични глупости, од типот дека многу знаел и ќе „пропеел“, да створи слика, дека тој е она  „жртвено јагненце“ чесниот извршител на наводните „рекетари“! За таа цел, ангажирана е поголема пропагандна јасно партиски определена партиска машинерија (Героски не е помеѓу нив), од кој двајца уредници на проопозициски новинари, во изминатиот период во повеќе наврати остваруваа службени патувања во Р.Србија. Нивните патувања во Београд беа спонзорирани токму од Будимпешта, и после секое нивно „гостување“ во Белград, ден по нивниот повраток во Македонија, следеше објавување на таканаречени „Бомби“ во „Ла верита“, како и на каналите на Јутјуб.Кој и за која намена ги објавувал „бомбите“ во сецкани делови од Београд, која е улогата на Жељко Митрович и Андреја Вучиќ, оставаме да си утврди истрагата која ја води Вилма Рускоска, од едноставна причина, што не сакам да и наштетам на истрагата.

3.Вмешаност на потесното семејство на Зоран Заев во случајот „Рекет“, нема, Заев дознава од Орце Камчев, додека, како и што објавив пред 3 месеци, ниту Амбасадата на САД, а ниту ОБСЕ, до крајот на април 2019 година, немаа сознанија за случајот „Рекет“.Како што тогаш обајвив :

„Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во РСМ, Клеменс Која, за која мисија упатените добро знаат дека претставува европска ЦИА, како и амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Брнс зачудува дека за случајот „Рекет“ дознаваат тек во месец мај, и тоа сосема случајно преку еден напис во македонските медиуми. Како тоа и поминало на мисијата на ОБСЕ и на Амбасадата на САД во РСМ, просто е толку невероватно за овие две силни безбедносни служби. Доколку се оди во Организацијата на „Рекет“ детално, повеќе од јасно е тоа што Боки 13, Зоран Кичеец, Катица Јанева, Фросина Ременски, немаат воопшто толкави способности за ваквиот нивни акт за кои се теретат не падне веднаш во предмет на обработка на амбасадорите Која и Брнс?! Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во РСМ, Клеменс Која, кој по професија е Теолог, но за добрите познавачи на приликите експерт во доменот на разузнавањето, исто така амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Брнс спаѓа во делот на т.к.н „тешкаши“ на ЦИА, како и дипломат со светла голема кариера. И Која и Брнс за себе имаат на располагање две најмоќни служби на кои ништо не може да им избега, не посебно ваков мега скандал од меѓународни размери кои се случува во РСМ, а инспираторите на истиот доаѓаат од трети земји  за кои и ОБСЕ и САД перманентно ги нагледуваат случувањата во тие земји.“

4.Во аферата „Рекет“ Боки 13 успешно вклучил повеќе лица од новинасркиот и политичкиот „џез сет“.Крајно нејасно како тоа сакаат да си го исперат образот новинарите од 1 ТВ ,дека тие ете не знаеле што тоа прави нивниот скријан сосптвеник ,а од друга страна примале големи подароци од брендирана гардероба , еден уредник дори и добил автомобил на подарок од Боки 13.

Зошто никој не се запрашал од сите силни квази новинари која е потребата за средби на таткото на Боки 13 Миле Јованоски со Зоран Божиновски и други мешетари ,зошто го частел со 10.000 евра во ресторан „24-ка“ во Скопје обвинуетиот Миле Јовановски на Зоран Божиновски?

Која е поврзаноста на Божиноски со Митко Јанчев, со еден нафтен гигант кој е во перманентна воња со Макпетрол, за што секојдневно му прајќа пораки на Божиновски и слики од цистерни застанати на гранични премини,но основно е која е поврзаноста на Зоран Божиновски со Фросина Ременски ? Крајно која е поврзаноста на Боки 13 со Синиша Алексовски, Живајлевиќ и со тајаната служба за криминална потреба на кланот „Вучиќ“ наречена БИА?Која е нивната поврзаност со Никола Груевски, Еди Рама и Виктор Орбан?

5. Крајно невкусно и несериозно е да се употребува името на Заеви на само 3 месеци до избори,повеќе од све ,ако се знае фактот, дека Мобилниот телефон, поточно 2 мобилни телефони, повеќе компјутерски единици се одземени при апсењето на Боки 13 на граничниот премин кај Гевгелија.Телефоните и одземените комјутерски единици од Боки 13 се комплетно извештачени и непостојат скриени Ај клофови кој не се обработени од страна на ЈО, што не е случај со форматираните телефонски и комјутерски единици на Форисина Ременски,која истите ги форматирала од како е упасен нејзиниот миленик Боки 13!?

Постојат факти дека Боки 13 направил р’шум помеѓу бизнисмените, добро ги изрекетирал, но истите тие ,бегајќи од големиот срам дека испаднале недоветни магарина, по секоја цена сакаат да го сокријат нивниот идентитет во аферата „Рекет“,зошто што све и каки филмови им прожектирале Боки и Кичеец , не може таков фил ниту да сонувал Франсис Форд Копола дека еден идиот може да изрежира таков филм на група магарина од бизнисмени.

Суштината на севкупното битие на „Рекет“ лежи токму во триото Андрија Вучиќ, Виктор Орбан и Никола Груевски, се останато се сателити кој кружат околу нив, но за тоа во догледно време …

С.Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прво упис во школо, па вакцина за првачињата

saso user

Рејчел Галовеј: Лондон ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и се надева на датум во октомври

saso user

Двајца судии и шест стечајни управници не го решија стечајот во „Типо“, вработените ги бараат платите

saso user